Селта Виго и Еибар обезбедија четвртфинале во Купот (видео)

Селта Виго и Еибар се двата клуба кои обезбедија четвртфинале во Купот на Шпанија после вечерашните одиграни средби. Селта Виго беше подобра од Валенсија со 2-1, и со резултатот од првиот натпревар (1-4), успеа да се пласира во четвртфиналето.

Први до водство стигнаа фудбалерите на Селта Виго преку Роси во 61-та минута од средбата, за само две минути подоцна, резултатот да биде израмнет од Араухо. Во последните секунди, Систо донесе победа за Селта Виго, и со вкупен резултат од 6-2 обезбеди пласман во следната рунда.

Еибар и Осасуна ремизираа на реваншот со 0-0, а благодарение на резултатот од првиот меч (3-0), Еибар обезбеди пласман понатаму во Купот на Шпанија.

All Goals & highlights -Celta Vigo 2-1 Valencia… by LiveGoalsTV

Се вчитува...