Семејна трагедија на најдобрата светска скијачка

Најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин, е во шок по смртта на нејзиниот татко Џеф Шифрин, кој почина од срцев удар на 65-годишна возраст.

Семејството е скршено. Си замина нашиот сакан и прекрасен татко, нашата планина, океан, душа, нашето се. Кажете им колку ги сакате, сторете го тоа веднаш“, напиша Шифрин на својот профил на инстаграм.

Таа не настапи на последните трки во Сочи, а по семејната трагедија Американската Скијачка Федерација објави дека таа ја напуштила Европа и се вратила во својот дом. Се уште е неизвесно дали и кога Шифрин ќе се врати на скијачките патеки, но се очекува таа секако да остане на чело во Светскиот Куп бидејќи веќе собра 1225 бода, далеку пред ривалките.

Се вчитува...