Семејната драма на Луис Енрике

Шпанија ја совлада Малта со 0-2 на гости, а зебележливо беше отсуството на селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике. Медиумите на Пиринеите информираат дека тој морал да го напушти националниот тим од семејни причини и во моментот прежувува вистинска животна драма, иако и не откриваат конкретно за што станува збор.

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб исто така со мислите се со селекторот, не сакаа оремногу да коментираат за триумфот против Малта.

 „Ова е најлошиот ден во мојот живот. Не размислувавме премногу за фудбал. Луѓето ми честитаа за победата, но едноставно тоа сега е најмалку важно“, изјави Роберто Морено, кој го водеше националниот тим во отсуство на Луис Енрике.

Капитенот Серхио Рамос на социјалните мрежи истакна дека фудбалерите се „до смрт“ со својот селектор и дека му ја даваат неопходната поддршка.

Се вчитува...