Семејството ја потврди трагичната вест: Синиша храбро се бореше до самиот крај…

Европскиот фудбал денеска остана посиромашен за една голема легенда, откако Синиша Михајловиќ почина губејќи ја борбата со леукемијата.

Трагичната вест преку соопштение ја потврди најблиското семејство на поранешиот српски селектор и репрезентативец.

„Сопругата Аријана и децата Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас, заедно со внуката Виоланте и нeговата мајка Викторија и братот Дражен, со голема жалост информираат за смртта на својот сопруг, татко, син и брат, Синиша Михајловиќ. Извонреден човек, секогаш достапен да им помогне на сите. Храбро се бореше против ужасната болест до самиот крај. Им благодариме на докторите и на медицинските сестри кои го следеа низ годините, давајќи му љубов, нега и почит. Синиша секогаш ќе остане со нас, низ љубовта што ни ја даде сите овие години“, се вели во соопштението на семејството на Михајловиќ.

Се вчитува...