Семинар за создавање на нови судиски и тренерски кадри во кик-боксот

Во текот на вчерашниот ден беше одржан семинар во организација на Кик-бокс Федерацијата на Македонија, на кој по барање на претседателот Дејан Митровски-Урко беше побарано редовно присуство на секој претседател на кик бокс клуб како и двајца претставници од секоја екипа во функција на тренер и судија. На семинарот присуствуваа вкупно 24 претставници на клубови, додека останатите беа оправдано отсутни.

Целта на семинарот беше создавање на поголем број на нови судиски и тренерски кадри поради зголемената потреба од истите. Создавањето на нови стручни лица од оваа област е поради фактот ма зголеменото враќање на клубовите и приклучувањето на новите. Сето ова е резултат на апелот на новото раководство на Кик-бокс Федерацијата на Македонија и нивниот цврст став за омасовување, зближување и обединување на сите кик-бокс клубови кои функционираат во Македонија.

По завршување на семинарот беше одржан и краток состанок со претседателите на клубовите на кој се разговараше за проблемите со кои клубовите се соочуват при нивното работење и давање на насоки за нивно надминување се со цел на создавање на нови натпреварување и добивање на поголема масовност на овој спорт во нашата држава. Овој настан беше искористен за презентирање на новите простории на Кик-бокс Федерацијата на Македонија каде ќе се одвиваат заедничките тренинзи на репрезентативците и каде ќе се одржуваат и меѓу клубските контролни борби. Во рамките на овој простор ќе има и полигон за зголемување на силата, брзината, кондицијата и експлозивноста на натпреварувачите.

Се вчитува...