Семјуелс бараше плата од Партизан, си доби суспензија

Најавен како големо летно засилуање, Самардо Семјуелс успеа да го разочара Партизан по нецел месец откако пристигна во Белград. Клубот вчера го суспендираше поради неговото недолично однесување надвор од терените, суспензијата следуваше по поразот со Алба, кога Семјуелс преку „Инстаграм“ одлучи да искаже мислење и за тренерот, и за навивачите, па дури и за управата на клубот.

„КК Партизан донесе одлука да го суспендира центарот Самардо Семјуелс поради нарушување на клупската дисциплина. Суспензијата ќе биде активна до конечната одлука од дисциплинската комисија по повод прекршокот кој го направи кошаркарот“, стои во соопштението на клубот.

Семјуелс подоцна бараше и плата, додека неговиот тренер Мута Николиќ му образложи што треба да направи за да му биде исполнето барањето. Екс-кошаркарот на Барселона мора да го смени однесувањет ако сака воопшто да остане член на екипата, бидејќи со вакво однесување нема уште долго да се задржи во српската престолнина.

„Не видов што има напишано, искрено не ме интересира. За да добие плата прво мора да ја заслужи, засега е далеку од тоа. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во иднина. Подобро да не ви кажувам како се однесува надвор од терените“, истакна Николиќ за српските медиуми.

Всушност, 28-годишниот Јамајканец има солиден учинок по првите неколку натпревари во црно-белиот дрес. По два меча во Еврокупот, Семјуелс има просек од 13 поени и 9 скока, на средбата со Локомотив Кубан завши со дабл-дабл учинок, но Николиќ смета дека се уште не е подготвен да одигра цел натпревар. Во јадранската лига бележи нешто помал просек, за 15 минути поминати на паркет, Семјуелс постигнува по 10 поени.

Се вчитува...