Сенегал промашуваше добри шанси, Холандија преку Гакпо го „отвори“ Катар (ВИДЕО)

Селекцијата на Сенегал беше блиску до водство над Еквадор, меѓутоа промаши три супер шанси да дојде до предност. Геје имаше три обиди, но топката не заврши во голот. На спротивната страна Еквадор како да чека грешка на Сенегал, засега таа ја нема.

Сенегал ја има иницијативата, и „виси“ голот на Еквадорците.  Слаба партија има Енер Валенсија од Еквадор кој немаше некои посериозни прилики.

Холандија ја оправда фаворитската улога во дуелот со Катар, и има водство. Кој друг ако не Гакпо, кој се „прошета“ по одбраната и успеа да донесе до предност. И Катар имаше два обиди, но сето тоа беше млако.

Се вчитува...