Сенегалките пристигнаа: Првиот натпревар за кадетките на Македонија на СП почнува од 21:30 часот

Почетокот на ракометниот светски шампионат за кадетки, на кој домаќин е Македонија, донесе неочекувани проблеми откако неколку селекции поради проблеми со конекциите со летовите задоцнија со пристигнувањето во Скопје.

Доцна попладнево во Скопје пристигна и првиот противник на македонската кадетска селекција, репрезентацијата на Сенегал, поради што натпреварот кој првично требаше да се игра од 20:30 часот ќе стартува од 21:30 часот.

„Ве информираме дека натпреварот со селекцијата на Сенегал во рамки на кадетскиот Мундијал предвиден за 20:30 часот, се одложува за еден час, односно почетокот е во 21:30 часот“ – информираа официјално од Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...