Сениорите се подготвуваат за Турција: Ангеловски нуди шанса за помладите

Сениорската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за пријателскиот натпревар против Турција кој на 5. јуни не очекува на националната арена во Скопје, но и квалификацискиот дуел со Шпанија на 11. јуни.

Како што претходно истакна, селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Турција планира да им понуди сериозна шанса и на помладите повикани фудбалери за докажување на сопствените квалитети. Чурлинов, Атанасов, Елмас,… А меѓу нив и дефанзивецот на Пелистер, Кристијан Тошевски, кој вели дека силата на Турција треба да претставуваа дополнителен предизвик за нашиот тим.

„Ваквите натпревари се вистински предизвик за секој од нас, посебно што Турција доаѓа во полн состав. Но, тоа треба да биде дополнителен мотив за нас, мораме да уживаме во фудбалот и да се покажеме во најдобро издание. Ова е убава шанса за нас помладите да ги докажеме нашите квалитети. Се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и на тренинзите и доколку добиеме шанса за настап“ – вели Тошевски во очекување на дуелот во понеделник.

Се вчитува...