Сензација: Крејчикова ја шокираше Рибакина за место во финалето на Вимблдон

Барбора Крејчикова од Чешка e втората финалистка на овогодинешното издание на Вимблдон откако славеше над Елена Рибакина со 2-1 во сетови, шокирајќи ја повторно тенисерката од Казахстан против која успеа да слави и на претходните две меѓусебни пресметки.

Рибакина важеше за голема фаворитка и го почна полуфиналето во голем стил, експресно поведувајќи со 4-0. Таа рутински го доби сетот со 6-3, но Крејчикова заигра далеку подобро во остатокот од мечот, доминирајќи пред се на свој сервис не дозволувајќи и на Рибакина ниту еден брејк и во вториот и во третиот сет. Во таква ситуација, на чешката тенисерка и беше доволен по еден брејк и во двата сета, најпрвин да израмни со 6-3, а потоа и со 6-4, за голема победа и свое прво финале на Вимблдон во кариерата.

Таа во големото финале ќе се сретне со Италијанката Паолини, која исто како и Крејчикова по голема борба и со пресврт по 0-1 славеше над Дона Векиќ со 2-1 во сетови.

Се вчитува...