Сензација на ЕП – Португалија ја урна големата Франција, Словенија сигурна со Полска

Португалија го направи првото изненадување на Европското првенство, откако успеа да ја изненади големата Франција совладувајќи ја со 25-28. Португалците покажаа дека не се случајни одличните резултати кои ги имаат во младите категории на последните натпреварувања и дека земјата од Пиринеите има светла ракометна иднина. Катастрофалната партија на голманите на Франција, Жерар и Генти кои заедно собраа само седум одбрани, беше главната причина за поразот на фаворитот. Бранкињо беше стрелец на пет гола, додека Фераз и Гомеш погодија по четири пати. Кај Франција Мем постигна пет гола, а Карабатиќ, Лагард и Фабрегас по четири.

Словенија стигна до премиерната победа на Европското првенство откако ја совлада Полска со 26-23. Словенците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не им дозволија на Полјаците да се надеваат дека можат да стигнат до победа на мечот. Блаж Благотиншек и Борут Мацковшек беа први имиња во победничкиот табор со по пет гола, а одличен на голот беше и Клемен Ферлин со 12 одбрани. Кај Полјаците Аркадиуш Морито со 8 гола беше најефикасен.

Се вчитува...