Словачка ја запиша најголемата победа во својата самостојна историја кога станува збор за Европските првенства триумфирајќи над Белгија со 1-0 во првиот натпревар на континенталниот собир во Германија, нанесувајќи и болен пораз на репрезентацијата која важеше за фаворит во групата „Е“.
По двете пропуштени шанси на Белгиците да поведат уште на самиот старт на натпреварот следеше казна од Шранз кој во 7. минута по грешката на Доку ја затресе противничката мрежа за 0-1. Белгија продолжи да доминира во поседот, крираше и шанси, но промашувањата на Лукаку ја задржаа словачката предност на полувремето.
IVAN SCHRANZ OPENS THE SCORING AGAINST BELGIUM ON THE REBOUND!!!
TERRIBLE GOALKEEPING FROM CASTEELS!!!#EURO2024
📽️ @PushGoalspic.twitter.com/UCXKFnHQWX— Football Report (@FootballReprt) June 17, 2024
Изгледот на теренот не се промени ниту во второто полувреме, Белгија продолжи да креира шанси, но не успеа да го совлада голманот Дубравка. Еднаш топката беше исфрлена од гол-линијата, а и покрај тоа што два пати беше затресена мрежата на Словакот, головите беа поништени поради недозволени ситуации за сензација и големо славје на Словачка.
What a win for Slovakia! 🇸🇰👏#EURO2024 | #BELSVK pic.twitter.com/Ap1uK9xQKR
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА