Сензација на стартот на СП во скијање во Сент Мориц

Светското Првенство во скијање што од денеска се одржува во Сент Мориц почна со сензација, откако Никол Шмидхофер од Австрија се закити со златниот медал во супервелеслалом во женска конкуренција.

Оваа 27-годишна скијачка досега само два пати во кариерата успеваше да се искачи на подиумот во Светскиот куп, но денеска извозе перфектна трка, минувајќи ја делницата за време од 1:21.34 минута. Второто место и сребрениот медал и припадна на Тина Вајратер од Лихтенштајн, додека со бронзено одличје се закити Лара Гут од Швајцарија, со 36 стотинки послабо време од новата светска шампионка.

Меѓу скијачките кои не успеаја да ја завршат денешната трка се најде и шесткратната освојувачка на медали на последните Светски првенства, Американката Линдзи Вон.

Следната трка на СП во Сент Мориц е закажана за утр во 12 часот – супервелеслалом во машка конкуренција.

Се вчитува...