Сензација од Италија: Икарди се враќа, но во лутиот ривал на Интер

Мауро Икарди би можел во следниот преоден рок да се врати во Серија А. За да биде сензацијата уште поголема, во градскиот ривал на неговиот поранешен клуб Интер. Икарди е во преговори со Милан.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, не му дава многу шанси на Икарди оваа сезона и наводно тој е подготвен да се врати во Италија. Сериозен интерес, како што тврдат италијанските медиуми, покажува Милан кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра, со клаузула да биде откупен комплетно за дополнитечни 40 милиони евра следната година.

Се вчитува...