Сензација во Истанбул, Малме го исфрли Бешикташ од Лигата на Европа

Во Истанбул се случи сензација откако Бешикташ во последното коло во фазата по групи, на домашен терен загуби од Малме до 0-1 и испадна од Лига Европа.
Турскиот тим имаше се во свои раце, за пласман во следната фаза од ова натпреваруваење на Бешикташ му беше доволно и реми, но на крај претрпеа шокантерн пораз. Катастрофалната грешка на Хрватот Домагој Вида на крај турскиот претставник го чинеше пораз и елиминација од Лига Европа.

Хрватскиот решрезентативец во 51.минута го заборави Антонсон, а тој му побегна, постигна погодок и го исфрли Бешикташ до игра.

Победник во групата е Генк, Малме е на второто место со девет бода, а Бешикташ е трет со седум бода. На дното остана Сарпсборг со пет бода.

Се вчитува...