СЕНЗАЦИЈА во ЛШ – Европскиот шампион загуби и од Мешков Брест!

По поразот од Вардар на стартот, актуелниот европски шампион Монпелје остана без бодови и на гостувањето во Белорусија. Мешков Брест го надигра и на крај го победи Монпелје со 26-23.

Европскиот шампион беше во подредена позиција во погоелм дел од натпреварот. Французите само во првите минути имаа два гола предност на 2-4. Во остатокот од мечот после 5-5, главниот збор на теренот го имаше белорускиот тим кој од оваа сезона го предводи шпанскиот тренер Маноло Каденас. На полувремето Мешков Брест имаше предост од 13-10, а во второто полувреме домаќините константно одржуваа 3-4 гола позитива и на крај заслужено ги освоија бодовите.

Се вчитува...