Сензација во ЛШ: Лино Червар со Загреб го освои Фленсбург

Второто коло од Лигата на шампионите почна со огромно изненадување, откако Лино Червар како госстин го изненади Фленсбург, славејќи во Германија со 29-31. Иако со ослабен состав во однос на лани, хрватскиот првак одигра одличен меч, надигрувајќи го германскиот фаворит во второто полувреме и стигнувајќи до својата прва победа сезонава во елитното европско натпреварување.

Првите 30 минути минаа во израмнета игра, за Загреб на половина од второто полувреме да се одлепи и да поведе со пет гола разлика (23-28). Фленсбург успеа да дојде до три гола разлика, но избраниците на Червар ја одржаа предноста, не дозволувајќи им на домаќините камбек.

Давид Мандиќ постигна осум гола, еден повеќе од Сршен во редовите на Загреб, додека најдобар стрелец на Фленсбург при денешниот пораз беше Ласе Сван со седум погодоци.

Се вчитува...