Сензација во најава: Мундијал без Италија по цели 60 години?

Откако го загуби првиот меч од репрезентацијата на Шведска, Италија пред свои навивачи на „Сан Сиро“ ќе мора се искупи за оние 1-0 од Стокхолм, или во спротивно по вторпат во историјата ќе ја пропушти завршницата од Светското првенство. Последен пат „аѕурите“ не изборија место во групната фаза од мундијалот во далечната 1958 година, а 60 години подоцна избраниците на Вентура се наоѓаат во незавидна позиција, имајќи го во предвид неуверливото издание од првиот дуел.

Чиро Имобиле во дресот на Лацио е незапирлив, константно ги тресе мрешите во Серија А, но против Шведска едноставно се загуби на теренот. Можеби причина за тоа е присуството на неговиот колега Белоти, играчи со очигледно слични карактеристики, и не можат да функционираат заедно на теренот, додека Џампјеро Вентура цело време е критикуван што на клупата го чува миленикот на ‘наполитанците’, Лоренцо Инсиње. Изборот на напаѓачки опции е клучен за Вентура, знаејќи дека неговата селекција ќе мора да игра многу поофанзивно во однос на мечот во Шведска, доколку сака да ја види својата нација на главниот фудбалски настан кој ќе се одржи во Русија.

„Сметам дека поразот не е заслужен, Буфон речиси и да немаше работа. Ние пак создадовме доста шанси, ја погодивме и рамката од голот, но сепак на крајот среќата не не послужи. Се надевам дека на мечот во Милано арбитарот ќе ни дозволи исто колку што дозволуваше на Шведска на првиот натпревар. Ние сега имаме обврска да победиме, се надевам дека преполниот „Сан Сиро“ ќе ни биде најголемата поддршка досега“, истакна Вентура.

Италијанските медиуми го критикуваа Вентура поради дефанзивниот пристап на првиот натпревар, па се очекува промена на формацијата од 3-5-2 на 4-2-4. Всушност, победата треба да биде убедлива за Италија, во спротивно среќен гол на Швеѓаните ќе значи и рушење на соништата за секој италијански фудбалер.

Имобиле потфрли во претходниот меч, па нема да биде изненадување ако Италија од првата минута напаѓа со Белоти и Едер, или Габијадини, додека голем хендикеп ќе биде отсуството на суспендираниот Верати. Но, доколку се случи и промена на формацијата, Вентура би можел да да ги употреби Галјардини и Жоргињо како играчи за врска, а тоа за Де Роси ќе значи преселба на клупата. Бонучи заработи фрактура на носот, но ќе игра со помош посебна заштитна маска.

Шведска можеби не брилјираше на првиот натпревар, но Андерсон на крај беше презадоволен од конечниот исход. Иако недостасуваат креативни играчи, не сметајќи го Форсберг, се работи за селекција окја напорно работи на теренот, додека се повреди Екдал и неговиот настап е под знак прашалник. Минималниот триумф му овозможи на селекторот Андерсон да се фокусира на одбранбените задачи.

„На половина пат сме, правилно е да го нагласиме тој факт. Храброста што ја покажавме, и колективната игра која ја негувавме во текот на квалификациите, сакам да го повториме тоа и Милано, мораме максимално да бидеме концентрирани. Сметам дека триумфот фо заслуживме, тоа беше физичка пресметка во која ние победивме со бројни директни судари, а судијата не не фаворизираше“, вели Андерсон.

Тактиката како така функционирашена првиот меч, па Шведска нема многу да менува во почетниот состав. Во конкуренција за настап се враќа Лустиг, кој ќе го превземе местото на Крафт, додека во нападот повторно ќе се Берг и Тоивонен.

Најавени состави:

Италија: Буфон, Барзали, Бонучи, Киелини, Кандрева, Пароло, Жоржињо, Флоренци, Дармијан, Имобиле, Габијадини.

Шведска: Олсен, Лустиг, Линделоф, Гранквист, Аугустинсон, Клесон, Ларсон, Јохансон, Форсберг, Тоивонен, Берг.

Се вчитува...