Ракометарите на Тиквеш направија сензација на отварањето на 49. Струшки турнир откако го совладаа Металург со 30-26. Херој на кавадарчани беше „октоподот“ на голот, Александар Стојановски кој забележа неверојатни 18 одбрани против ѕвездите во дресот на скопскиот клуб.
Металург беше за нијанса подобар противник во поголемиот дел од мечот и во повеќе наврати имаше предност и од три гола, меѓутоа кавадарчани не се предадоја, одиграа добро во нападот, а им помогна и енергијата која ја даде Стојановски со неговите одбрани. На осум минути пред крајот на мечот резултатот гласеше 25-25, а Тивкеш со серија од 3-0 стигна до предност (25-28), која не ја испушти до самиот крај.
Најдобар поентер на мечот беше Јанчев со седум гола, додека него го следеше Стефановиќ со шест. Предводник на Металург беше Хорват со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА