Сензационален трансфер: Беше во финалето на минатиот Мундијал, а сега ќе игра во хрватски второлигаш

Поранешниот хрватски репрезентативец Филип Брадариќ, ќе игра за хрватскиот второлигаш Јарун, пишуваат хрватските медиуми. Брадариќ го раскина договорот со Ал Ахли, и сега ќе се врати во својата родна земја. Иако се шпекулираше дека ќе потпише за Хајдук, тоа нема да се случи.

Тој веќе истакна дека доколку се враќа во Првата лига, ќе игра само за Хајдук и за никој друг. Но, откако од тоа нема ништо, сега добил повик од Јарун, и веројатно ќе го прифати.

„Луѓе од Јарун ме повикаа. Ќе тренирам и ќе играм до зима, па ќе видиме“, рече Брадариќ. 

Брадариќ беше дел од Хрватска, која на минатиот Мундијал во 2018 година стигна до финалето, и загуби од Франција. Во минатото играше за Ријека, Калјари, Селта и Ал Аин. За Хрватска има шест настапи.

Се вчитува...