Сензационална вест од Германија: Санчо прави „кам-бек“ во Дортмунд!?

Само две години откако од Борусија Дортмунд за сума од речиси 100 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед, англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е пред „кам-бек“ во Бундеслигата и тоа во таборот на „милионерите“. Германските медиуми откриваат дека Санчо е незадоволен од статусот во Манчестер, и се враќа во тимот каде што ги доживеа најубавите денови од својата кариера.

Офанзивното крило во 2021 година потпиша петгодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Борусија на него заработи повеќе од 90 милиони евра, со оглед дека го купи за само 5 милиони од таборот на Манчестер Сити во 2017 година.

Санчо повеќе се наоѓа на клупата за резерви во Јунајтед, а сега се разгледува опцијата како позајмен да се врати во Дортмунд, со тоа што „милионерите“ ќе можат да го откупат целосно од Манчестер за сума од околу 55 милиони евра. Се разгледува опцијата и од задолжителен откуп во 2024 година.

Крилниот фудбалер откако замина во Јунајтед, го загуби и местото во репрезентацијата. Престојното лето се очекува по стапките на Санчо да тргне и Џуд Белингем, кој е блиску до заминување и преселба во Реал Мадрид.

Санчо е уште еден доказ дека трансферите од Дортмунд во Манчестер не се идеални. Претходно Шинџи Кагава се пресели во истиот правец, па по неколку години одново се врати во таборот на Борусија.

Се вчитува...