Сензационалната Лучиќ-Барони во полуфиналето на Австралија опен… (видео)

Искусната хрватска тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони приреди уште едно големо изненадување на Австралија опен.

Лучиќ-Барони се пласираше во полуфиналето на првиот Грандслем сезонава совладувајќи ја петтата светска тенисерка, Каролина Плишкова од Чешка со 2-1, по сетови 6-4,4-6,6-3.

Со оваа победа, 34-годишната Хрватка го израмни својот најдобар резултат на Грандслемовите, по 1999 година кога стигна до полуфиналето на Вимблдон.

„Никогаш, никогаш, никогаш нема да го заборавам овој ден“ – рече Лучиќ-Барони по победата.

Противник во полуфиналето ќе и биде Серена Вилијамс која во вториот денешен меч ја оправда улогата на фаворит против Џоан Конте, победувајќи со 6-2,6-3.

Втората полуфинална двојка на женскиот турнир во Мелбурн ја сочинуваат Коко Вандевеј и Венус Вилијамс.

Се вчитува...