Сепак, има надеж за Мундијал: Ројс паузира три недели

Иако се чинеше дека шансите за настап на Мундијалот на Марко Ројс се веќе теоретски, денеска, сепак, стигна поволна вест за него, за Борусија Дортмунд и за германската репрезентација. Според прогнозите на лекарите, Ројс ќе се врати на терените за три недели, односно на почетокот на октомври, со што ќе има време за да се подготви за настапот на Светското првенство во Катар.

Ројс го повреди скочниот зглоб на вчерашното дерби со Шалке во првиот дел кога мораше да биде заменет. Прввично се стравуваше дека ќе следува пауза од 2-3 месеци, меѓутоа прогнозите се дека ќе се врати побрзо.

Ројс поради повреди ги пропушти ЕП во 2012 и 2016, како и СП во 2014, кога Германија го освои златниот медал. Настапуваше само на Мундијалот во Русија во 2018, додека поради повреда го пропушти и ЕП минатата година.

Се вчитува...