Серафимов и Левски на еден чекор до сонот наречен ЛШ

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов со тимот на Левски се пласираше во плејоф рундата за влез во Лигата на Шампионите откако бугарскиот првак славеше и на вториот дуел од двомечот со Каират.

По победата на првиот меч во Софија, денеска Серафимов и соиграчите беа подобри и на реваншот на гостински терен, повторно со минимални 0-1 со погодок постигнат во раната фаза од првото полувреме.

Серафимов, кој денеска го прослави својот 27. роденден, ги одигра сите 90 минути и беше на вистина на задачата, меѓу најзаслужните за големиот успех на „сините“ од Софија.

Грчкиот првак АЕК ќе биде последниот противник на Левски во плејофот за влез во главната фаза од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...