Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов и Левски Софија славеа со минимални 1-0 на домашен терен против Универзитатеа Крајова во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Натпреварот кој се играше во главниот град на нашиот источен сосед беше решен уште во 8. минута кога Димитров на асистенција на бразилскиот интернационалец Сержињо го постигна победничкиот погодок.
Серафимов беше стартер за неговиот тим и го одигра целиот натпревар.
Levski 1-0 Universitatea Craiova – Kristian Dimitrov 8'
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
