Серафимов стрелец во поразот на Мол Фехервар

Никола Серафимов продолжува со одличните настапи за Мол Фехервар. Откако се најде во тимот на 13. коло, македонскиот интернационалец денеска повторно стрелаше во дербито против Ујпешт, но за жал неговиот гол не беше доволен за бодови.

Мол Фехервар загуби со 2-1 со головите на Цобот во 8. минута и Шабо во 58. минута па во „македонскиот дуел“ на победа се радуваше Стефан Јевтоски кој доби шанса на самиот крај на мечот.

Со денешниот пораз Мол Фехервар останува на делба на осмото место на табелата со 16 освоени бода, исто колку што има и Ујпешт.

Се вчитува...