Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов заработи непосакувана повреда на синоќешниот натпревар на гостувањето на неговиот Левски против Славија Софија во бугарското првенство.
Според извештаите од Бугарија, Серафимов заработил повреда на десната рака, по еден незгоден пад на теренот, па македонскиот фудбалер веднаш го напушти теренот, пренесен во клиничкиот центар во Софија.
Сепак, по деталните прегледи се огласи и самиот Серафимов кој информираше дека, за среќа, повредата не е сериозна па се очекува повторно да биде подготвен за терените.
„За среќа, сè помина добро и без сериозни последици, иако на прв поглед изгледаше страшно. Ви благодарам на сите за пораките и поддршката. Ве сакам! Се надевам дека ќе ве видам повторно на теренот што е можно поскоро“ – напиша Серафимов на социјалните мрежи.
Серафимов треба да биде еден од клучните играчи во македонската одбрана на престојниот септемвриско-октомвриски собир на македонската репрезентација во Лигата на нациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
