Сердарушиќ и Олсон уште една година на клупата на ПСЖ

Звонимир Сердарушиќ и Штафан Олсон и во наредната сезона ќе го предводат ПСЖ. Францускиот ракометен шампион потпиша нов едногодишен договро со тренерскиот двоец, со важност до јуни 2018.

„Горди сме и среќни што Нока Сердарушиќ и Штафан Олсон продолжуваат со својот ангажман во нашиот клуб. Од нивното доаѓање испишани се најславните страници во историјата на клубот. Сега ги имаме сите услови за стабилност и се фокусираме на успехот и на тоа да им пружиме многу причини за задоволство на нашите навивачи и на сите љубители на ракометот“ – стои во соопштението потпишано од извршниот директор на ПСЖ, Жан-Клод Блан.

Се вчитува...