Серена е подготвена: Има 50 маски и ќе игра на сите турнири

Голем број тенисери и тенисерки од врвот на „белиот спорт“ или имаат сериозни дилеми или веќе ги откажаа учествата на турнирите. Се разбира причина е стравот од COVID-19. Меѓу нив сепак не е една од најдобрите во историјата, Серена Вилијамс. Таа вели ќе учествува на УС Опен, на европските турнири и на сите кои ќе бидат закажани.

„Ќе играм на секој турнир кој ќе биде закажан. Целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот и спортот е една од ретките работи кои можат да ги расположат луѓето. Немам полн капацитет на белите дробови и не знам што би се случило ако се заразам. Мислам дека се би било добро, но не сакам да ризикувам. Постојано сум внимателна, патувам со 50 маски“ – вели Серена.

Под строга регулатива и здравствени протоколи УС Опен треба да почне на 31 август. Инаку сезоната во женскиот тенис веќе е почната.

Се вчитува...