Серена и Венус ќе играат заедно дубл за првпат по четири години

Серена и Венус Вилијамс ќе играат заедно во конкуренција на двојки за првпат по четири години. Организаторите на турнирот  во Синсинати, кој се одржува од 13 до 23 август, објавија дека најуспешните сестри во историјата на тенисот добиле специјална покана.

Сe уште нема информации дали Серена ќе добие вајлд-кард и за поединечна конкуренција. Серена неодамна го одигра својот прв поединечен меч по четири години на Вимблдон, но загуби од малку познатата Австралијка Маја Џоинт. Потоа таа се повлече од настапот во двојки со Венус поради проблеми со коленото.

Постарата од сестрите Вилијамс игра прилично редовно оваа година, но се уште нема забележано победа. Венус нема поминато прво коло на некој турнир уште од јули 2025 година во Вашингтон. Таа има 46 години, а Серена 44.

Заедно, тие имаат освоено 14 гранд-слем титули во двојки. Исто така, имаат и три златни медали од Олимписките игри: во Сиднеј 2000, Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.

Се вчитува...