Серена ја „прескокна“ и Стивенс, Медведев продолжува да „гази“

Серена Вилијамс успеа да ја прескокне и третата пречка на патот кон рекордната 24. грен-слем титула. Овој пат помладата од сестрите Вилијамс со пресврт беше подобра од шампионката од 2017 година Слоун Стивенс (2-6, 6-2 и 6-2). Пласман меѓу шеснаесетте најдобри во женска конкуренција обезбедија и Елис Мертенс, Каролина Мучова и Марија Сакари.

Третиот носител на турнирот Данил Медведев продолжува со одличните игри. На менито на Русинот овој пат беше младиот Американец Џефри Џон Волф кој беше поразен со максимални 3-0 (6-3, 6-3 и 6-2). Поспишил продолжува да биде сензација на УС опен и по елиминацијата на финалистот од Синсинати мастерсот, денеска во пет сета го победи Роберто Баутиста Агут (7-5, 2-6, 4-6, 6-3 и 6-2). Пласман во осминафиналето кај мажите обезбедија и шестиот носител Матео Беретини, десетиот Андреј Рубљов и 21 Де Минаур.

Се вчитува...