Серена како во најдобрите денови, за пласман во финале и требаа само 40 минути

Серена Вилијамс ја прегази сонародничката Аманда Анисимова за само 42 минути со 2-0 во сетови и два загубени гема во полуфиналето на тенискиот турнир во Оукленд. 23-кратната грен-слем шампионка е во обид да дојде до првата титула по пауза од три години. Последниот трофеј и е од Австралија опен во 2017 година.

За трофејот, Вилијамс ќе игра против уште една Американка, Џесика Пегула која ја елиминираше партнерката во дубл на Вилијамс, Каролине Возњаки со 2-1 во сетови. Серена утре ќе биде дел од две финалиња бидејќи со Возњаки се пласираа во финалето на двојки.

Серена Вилијамс одигра одлично и агресивно против полуфиналистката од Ролан Гарос, Анисимова, погоди пет аса, ги капитализираше сите пет брејк топки и беше успешна во 77 процени од првиот сервис.

 

 

Се вчитува...