Серена: Не знам дали ќе играм на Ролан Гарос

Серена Вилијамс се уште нема донесено одлука дали ќе настапи на Ролан Гарос бидејќи и покрај тоа што ќе биде дозволено публика на францускиот грен-слем тенисерите и понатаму ќе бидат под строг режим.

„Се надевав дека ќе можам да бидам сместена во мојот стан во Париз, но сега не размислувам за тоа. Организаторите работат најдобро што можат, не можам за нив да кажам дека се виновни за нешто. Ако има навивачи тогаш би требало и ние да бидеме сместени каде сакаме… Јас морам да се грижам за моето здравје, имав проблеми и затоа се обидувам да не бидам на јавни места. Држам дистанца од четири не од два метри“, изјави Серена. 

Серена е на добар пат да стигне до 24. грен-слем титула на УС опен и со тоа да се израмни на врвот на листата со легендарната Маргарет Корт.

Се вчитува...