„Серена одамна ќе се пензионираше, ако освоеше 24. грен-слем титули“

Поранешната прва тенисерка на светот Жастин Енан смета дека Серена Вилијамс ќе заминеше во пензија доколку до сеа го урнеше рекордот по освоени грен-слем титули кој го држи легендарната Маргарет Корт. Американката последната 23 грен-слем титула ја освои на Австралија опен 2017 година. Потоа играше уште четири финални натпревари, но не успеа да дојде до 24. трофеј.

„Серена сака да го урне рекордот на Маргарет Корт. Одамна ќе беше во пензија да успееше тоа да го направи. Нема да и биде лесно, но не смееме да заборавиме дека играше уште четири финалиња откако се врати. Не победи, но тука е и има шанса“, изјави Енан. 

Серена неодамна во Оукленд стигна до првата ВТА титула откако стана мајка и е во одлична форма пред првиот грен слем во сезоната кој почнува на 20. јануари.

Се вчитува...