Серена Вилијамс ја освои првата титула по три години

Заврши тригодишната пауза на Серена Вилијамс во осовјување титули. Таа го доби финалето на турнирот во Оукленд. Ја победи сонародничката Џесика Пегула со 2-0 во сетови и конечно крена пехар по успехот на Австралија Опен во 2017 година. За 38-годишната Серена која има 23 грен-слем титули ова е 73 трофеј во кариерата.

Вилијамс веќе четврта декада е во ВТА турнејата. Во периодот од три години ги загуби финалињата УС Опен во 2018 и во 2019 година, а се повлече од финалето на Роџерс Купот минатата година.

Серена Вилијамс објави дека парите од наградата ќе ги донира за санирање на штетите од пожарите во Австралија. Аус Опен почнува на 20 јануари, а Серена ќе се обиде да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 грен-слем титули.

 

 

Се вчитува...