Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гранд-слем титули, нема да настапи во поединечна конкуренција на УС Опен.
Една од најдобрите тенисерки на сите времиња се врати на тениските терени оваа година и настапи во поединечна конкуренција на Вимблдон, но одлучи да го пропушти турнирот во Њујорк.
Организаторите располагаа со уште една „вајлд-карта“ и се очекуваше таа да и припадне на Серена доколку таа одлучеше да настапи. Сепак, од тоа нема да има ништо, бидејќи специјалната покана ја доби Софија Кенин.
Серена ќе настапи на терените во „Флашинг Медоус“ во конкуренција на мешани двојки, во тандем со Карлос Алкараз, а се уште се чека нејзината одлука дали ќе заигра во двојки со својата сестра Венус во женска конкуренција.
Американката има освоено шест титули во поединечна конкуренција во Њујорк, при што последната ја освои во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
