Серена Вилијамс во полуфиналето на УС опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласира во полуфиналето на гренслем турнирот УС Опен. Таа во четвртфиналната пресметка со 2-1 во сетови ја совлада Бугарката Цветанка Пиронкова. Во полуфиналето, Серена Вилијамс ќе ја очекува подобрата од дуелот меѓу Викторија Азаренка и Елиз Мертенс.

Пиронкова подобро го стартуваше мечот и го освои првиот сет со 6-4 во гемови. Сепак, Серена Вилијамс заигра многу поквалитетно во продолжението од мечот. Американката го доби вториот сет со 6-3, а уште полесно го заокружи мечот со 6-2 во третиот сет.

Се вчитува...