Серенада за Михајловиќ од фудбалерите на Болоња: Ќе ме расплакате, ме подмладивте за 10 години (ВИДЕО)

Сензационалната победа од 2-1 над Интер во 20. коло од италијанското првенство, фудбалерите на Болоња ја прославија со Синиша Михајловиќ кој повторно се бори со леукемија.

Фудбалерите се собраа пред болницата каде престојува Михајловиќ, а шефот на стручниот штаб на прволигашот беше видливо трогнат од одличниот гест.

„Ќе ме расплакате. Минатиот пат после победата на Бреша дојдовте тука за да си го „обелете образот“, а овој пат заслуживте“, се нашали Србинот кој потоа додаде:

„Ме подмладивте за 10 години. Ве сакам“

Се вчитува...