Сергеј Горбок успешно опериран во Загреб

Левиот бек на РК Вардар, Сергеј Горбок, имаше успешна операција на коленото во Загреб, информираат од македонскиот ракометен првак. На почетокот на овој месецм Горбок на тренинг го повреди коленото, а потоа беше утврдено дека се работи за навистина сериозна повреда. Русинот ги скина предните вкрстени лигаменти и мораше да замине „под нож“.

Горбок од Загреб треба да се врати во Скопје, каде во следните неколку месеци ќе трае процесот на рехабилитација и доколку биде сѐ како што треба на крајот од оваа сезона тој би можел да настапува за „црвено-црните”.

Се вчитува...