Серхи Роберто доби нов договор од Барса и клаузула вредна 500 милиони евра

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2020 година. Тој се сложи за обновување на соработката и за наредните две сезони, во кои и отштетната клаузула за негово предвремено засминување ќе биде драстично зголемена. Досега Серхи Роберто можеше да си замине за 40 милиони евра, а отсега тоа ќе ги чини заинтересираните клубови фантастични 500 милиони евра.

На ваков потег Барселона се реши откако се „изгоре“ со Нејмар, кој замина во ПСЖ за сума од 222 милиони евра. Сега каталонскиот гигант става во договорите многу поголеми отштетни клаузули за своите фудбалери.

25-годишниот Серхи Роберто досега има одиграно 185 натпревари за Барселона и со овој клуб има освоено дури 18 трофеи.

Се вчитува...