Серхио Рамос е ептен фраер: Со „Фиќо“ дојде на тренинг на Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на денешниот тренинг се појави со својот нов автомобил, „Фиќо СР4“, и го предизвика вниманието на фоторепортерите на „Валдебебас“. Тоа е подарок од неговиот брат Рене, кој еден месец пред неговиот 32.роденден му го испратил овој автомобил на домашната адреса.

Серхио Рамос јавно му се заблагодари на својот брат Рене за прекрасното изненадување и вети дека во иднина тоа ќе биде еден од неговите омилени автомобили. Се разбира, тој во колекцијата има и многу „бесни“ автомобили, но „Фиќото“ има специјална посвета.

Се вчитува...