Серхио Рамос е „кралот“ на Реал

Реал Мадрид со тешка мака успеа да го совлада Бетис со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и максимално го искористи ’киксот’ на Барселона за враќање на првото место на табелата во Примера, со два бода предност во однос на каталонскиот клуб и еден меч помалку од најголемиот ривал. Серхио Рамос уште еднаш беше творец на триумфот на „кралскиот клуб“, постигнувајќи го победничкиот погодок во 81.минута, со удар со глава по корнерот од десната страна.

Голманот Кејлор Навас со огромна грешка им подари погодок на Бетис во 25.минута, кога практично самиот ја втурна топката зад својата гол-линија, по шутот на Санабрија. Израмни Кристијано Роналдо пред крајот на првиот дел, а Реал Мадрид долго се мачеше да стигне до победнички гол. Бетис во 78.минута остана со играч помалку по исклучувањето на Пичини, а Рамос само три минути подоцна тоа го валоризираше.

All Goals & Highlights HD – Real Madrid 2-1… by Video-Live

Се вчитува...