Серхио Рамос и Флорентино Перез не можат да постигнат договор, па разделбата по 17 години е веќе извесна. Главната причина за ваквиот развој на настаните е трет фудбалер на Реал. Станува збор за Герет Бејл и неговата плата која Реал ја подготвува за следната година, бидејќи Тотенхем нема намера да го задржи Велшанецот.
Бејл го чини Мадрид 30 милиони евра годишно, што е огромна сума што влијае на потенцијалниот бизнис, вклучително и обновување на договорот со капитенот. Реал ќе се обиде да го „турне“ Бејл под цената, една година пред истекот, но Велшанецот нема да се откаже од високата плата што ниту еден клуб нема да му ја даде. Значи, поизвесно е дека Бејл ќе остане дури и да седне на трибините, за да остане до крајот на договорот, на што инсистираше минатата година, иако беше прецртан од списокот на планирани играчи.
Инаку, Реал ќе мора да биде и активен на трансфер пазарот без оглед на финансиската криза, зошто иако „кралевите“ потрошија 300 милиони евра за Азар, Јовиќ, Менди, а никој од нив не ги оправда очекувањата во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА