Нова мерка поради слабите судии: „ВАР-челенџ“ во Калчо-лигата?!

Италијанската Серија „А“ размислува да воведе нови правила при користење на ВАР технологијата. Така во иднина можно е екипите од Италија да бидат ограничени во гледањето на повторени снимки на спорни ситуации.

Планирано е оштетените екипи да имаат можност само еднаш или два пати да бараат „челенџ“ односно да бираат дали снимката ќе биде прегледана или не при спорни ситуации. Со тоа би се скратило времето кое се губи на прегледување на снимките, како што е тоа сега.

Сепак, последниот збор ќе го имаат екипите кои ќе треба да одлучат дали и на кој начин ова ќе биде прифатено.

Се вчитува...