Македонската кошаркарска репрезентација во моментов во салата „Лазар Лечиќ“ во Градскиот парк во Скопје го игра пријателскиот натпревар со Бугарија во рамките на подготовките за престојните претквалификации за Евробаскетот 2028.
Но, првата четвртина од дуелот беше одбележана од повредата на плејмејкерот на МЗТ Скопје, Марин Петков кој се повреди при обид да направи прекршок.
Петков, според првите информации, заработил сериозна повреда на скочниот зглоб поради што веднаш го напушти теренот.
Иако деталните лекарски прегледи треба повеќе да откријат околу тежината на повредата, се чини дека Македонија ќе остане без услугите на Петков за јулските претквалификациски натпревари против Луксембург и против Ирска кои не очекуваат за една недела.
Македонија на полувремето од пријателскиот натпревар против Бугарија има предност од 45-43.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
