Сестрински дуел во македонско-руската пресметка на Ф4 во Будимпешта

Во својот петти настап на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта, Вардар ќе игра против рускиот Ростов Дон. Вардар е актуелен европски вицешампион и рекордер со настап на сите пет изданија од Ф4 турнирот во женската Лига на шампионите. Од друга страна, рускиот тим е единствениот дебитант меѓу големата четворка што ќе се бори за титулата во ЛШ, во која покрај Вардар се и актуелниот шампион Ѓер и поранешниот шампион ЧСМ Букурешт.

Но, полуфиналниот дуел меѓу Вардар и Ростов Дон е интересен и од еден друг аспект. Имено, тоа ќе биде и сестрински дуел на две руски репрезентативки – Полина Кузњецова во дресот на Вардар и Ана Вјахирева на спортивната страна во составот на Ростов Дон.

За десниот бек на Ростов Дон, Вардар е поволен противник, кој како што вели, знаат како да да го добијат и да стигнат до финалето во ЛШ.

„Мило ми е што ќе се се сретнеме со Вардар на Ф4 во Будимпешта. Но, не затоа што сакам да играм против сестра ми, туку затоа што добро го знаеме овој противник и знаеме како треба да им се спротивставиме. Главната работа е да ја играме нашата игра. Мислам дека ќе успееме. Со сите сили ќе се бориме да стигнеме до финалето“ – вели Ана Вјахирева.

Оптимистички расположен пред полуфиналето со Вардар  е францускиот тренер на клупата на Ростов, Фредерик Пусан.

Имаме план за завршниот турнир во ЛШ. Знаеме како да играме со Вардар. Сираба Дембеле пет години играше за Вардар и ние имаме многу информации за противникот. Кога работев во Франција, имавме заеднички подготовки со македонскиот клуб. Сега сериозно ќе се подготвиме за овој дуел во завршницата на ЛШ“ – истакнува Пусан.

Во досегашните пет изданија на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција, Вардар е најконстантен со учества на сите пет турнири по ред. Најголемиот усшех македонскиот шампион го постигна минатата сеозна кога го освои второто место по „тесниот“ пораз од Ѓер во финалето. На претходните три изданија, Вардар три пати беше трет. Ѓер ја освои титулата во 2014 и во 2017 година, а го пропушти турнирот во 2015 кога беше елиминиран од Вардар во четвртфиналето од ЛШ. ЧСМ Букурешт пак стигна до подиумот во својот дебитантски настап во 2016 година.

Се вчитува...