Сестрите Вилијамс ќе играат на Вимблдон

Сестрите Серена и Венус Вилијамс добија посебна покана од организаторите на Вимблдон да настапат на овогодинешниот турнир во двојки.

Серена Вилијамс, која има 44 години, неодамна се врати на натпреварувањата по речиси четиригодишна пауза, додека нејзината постара сестра Венус сè уште повремено се натпреварува на професионално ниво. Венус полни 46 години во среда.

Сестрите Вилијамс заедно освоија 14 грандслем титули во двојки, вклучувајќи шест трофеи на Вимблдон.

Тие го освоија лондонскиот грендслем за првпат во 2000 година, додека последната титула на трева ја освоија во 2016 година.

Минатата недела на турнирот „Квинс“ во Лондон, Серена победи во двојки заедно со Викторија Мбоко, што беше нејзин прв официјален натпревар по долго отсуство од теренот.

Американката потоа требаше да настапи на турнирот во Берлин во двојка со Каролина Мухова.

Последниот пат кога Серена и Венус играа заедно во двојки беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, кога беа поразени во првото коло.

Тоа беше нивниот прв заеднички настап по пауза од четири и пол години.

На турнирот во Квинс, Серена и Викторија Мбоко го поминаа првото коло, но подоцна мораа да се откажат поради повреда на коленото на младата Канаѓанка.

Се вчитува...