Северна Каролина, шампион на НЦАА-лигата

Универзитетот Северна Каролина е победникот на НЦАА шампионатот откако во големото финале славеше над Гонзага со резултат 71-66. Кошаркарите на Северна Каролина, универзитетот за кој своевремено играше големиот Мајкл Џордан, беа посконцентрирани во самиот финиш, па по водството на противникот од 65-66 во последните две минути не примија ниту еден поен, во единаесеттото НЦАА финале стигнувајќи и до шестиот трофеј.

Џоел Бери беше најефикасен во редовите на победничкиот тим со 22 поени, а овој кошаркар вооедно го доби и признанието за МВП на фајналфор турнирот. Кај Гонзага најефикасенн беше Најџел Вилијамс – Гос со 15 поени, девет скокови и шест асистенции.

Се вчитува...