Северот го презеде тронот од „Империјата“ – Торонто е нов НБА шампион (ВИДЕО)

Кошаркарите на Торонто стигнаа до првата титула во историјата на клубот во НБА лигата откако во шестиот натпревар од финалната серија го совладаа бранителот на тронот, Голден Стејт со 114-110.

Kанадскиот тим подобро го почна натпреварот и со серијата на Кајл Лаури стигна до предност, сепак домаќините успеаја да се вратат во мечот и на полувреме да отидат со негатива од само три поени.

Клучниот момент се случи на крајот на третата четвртина кога во контра напад незгодно доскокна Клеј Томпсон кој до тој момент беше најдобар поединец кај „вориорс“ по што мораше да го напушти теренот, а потоа и со патерици да ја напушти салата.

Продолжи неизвесноста, а клучниот момент беа 12 поени во низа на Фред фан Влит по кои Торонто во финишот стигна и до предност од +6 (108-102). Сепак, шампионите успеаја до крајот резултатски да се вратат, a по грешката на Дени Грин на (111-110), имаа и напад за победа кој не успеа да го искористи, Стеф Кари по што „вориорси“ добија  техничка, а Кавај Ленард беше сигурен од линијата за слободни фрлања за конечна победа од 114-110.

Кајл Лаури и Паскал Сјакам беа најефикасни во победничкиот табор со 26 поени, а Kаваи Ленард и Фан Влит уфрлија по 22. Кај поразените Томпсон заврши со 30 поени, а Игудала имаше 22. За МВП на финалната серија беше избран Каваи Ленард кој вторпат во кариерата успеа да спречи доминација, откако во 2014. со Сан Антонио триумфираше над Мајами Хит, предводен од Леброн Џејмс.

 

Се вчитува...