Севилја го елиминира Атлетико Мадрид за полуфинале во Купот

Севилја е прв полуфиналист на Купот на Шпанија, откако успеа да го совлада Атлетико Мадрид со 3-1 на реванш мечот од четвртфиналето. Тимот од Андалузија имаше предност (1-2) и по првиот дуел, а со одлична игра вечерва го потврди пласманот меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување.

Ескудеро уште во првата минута донесе водство за домаќинот, но израмни Гризман во 13.минута. Банега од пенал на стартот од вториот дел повторно го доведе домашниот состав во водство, а Сарабија го постави конечниот епилог.

Се вчитува...